Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

#Sustainablestorymk

0

Моден викенд Скопје продолжи во „Скопје Мериот Хотел” со модниот перформанс наречен #Sustainablestorymk.
На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова ,Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева под менторство на дизајнерката Ирина Тошева.

„Дизајнот од нула отпад всушност не е нова технологија или материјал. Тоа е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер. Поставувањето на различни парчиња облека како сложувалка со различни техники придонесува да нема ткаенина која е залудно потрошена а добивате ново уникатно парче кое повторно може да се носи. Освен заштитата на животната средина на овој начин добивме и нови убави форми на модата.”, велат организаторите. Модниот перформанс е дел од проектот „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна”. Модниот перформанс всушност претставува завршницата на целиот проект наречен #Sustainablestorymk.

Проектот го реализираат Моден викенд Скопје и Македонско Модно Здружение во соработка со Министерството за економија на РМ, со поддршка од Министерството за култура на РМ во рамките на манифестацијата „Нов културен бран 2018″ и Британскиот совет.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com