Oбединети дизајнери од Европа на 19-тиот Моден викенд во Скопје

0

Во рамки на богатата програма што ќе се одржи од 29.03 до 31.03 во поранешната печатница на НИП „Нова Македонија”, дваесет и деветте интернационални учесници на шоурумот премиерно ќе ги изложат новите колекции за есен-зима 2019/2020 пред домашната и странската публика.

Освен од земјата домаќин, посетителите на најголемиот моден настан во метрополата, последните три дена од месец март ќе имаат единствена прилика, одблизу да се запознаат со работата на гостите од Белгија, Германија, Португалија, Франција, Романија, Латвија, Естонија, Грција, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Како дел од интернационалното здружение што го реализира проектот „Обединета мода” („United Fashion”), организаторите на 19-тото издание на Моден Викенд Скопје, годинава ќе им посакаат добредојде на дваесет и девет талентирани и перспективни имиња од европската дизајнерска сцена, кои заедно ќе ги споделат креативните визии за сезоната есен-зима 2019/2020.

Главната цел на проектот „United Fashion SEE Showroom” во Скопје е промоција на модните дизајнери од Југоисточна Европа (ЈИЕ) пред интернационалните купувачи и претставниците на медиумите, како и поврзување на дизајнерите од Европската унија со македонските фабрики. За таа намена, активностите ќе вклучат претставување на ЈИЕ пазарот од страна на професионалците во индустријата, презентации од селектирани локални производители, посета на фабрики и состаноци помеѓу дизајнерите учесници и локалните производители.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com