Oбвинителството бара притвор – Јакимовски осомничен за проневера на пари во УБК

0

Обвинителството побара притвор за четворица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, меѓу кои е и Тони Јакимовски -поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков.

Лицата се сомничат дека како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 50.670.000,00 денари.

Од Обвинителството велат дека во периодот од јануари 2007 година до мај 2017 година, осомничените како службени лица во Управата за безбедност и контраразузнавање, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК.

–Во наведениот временски период, во 172 наврати, осомничените подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“ ги уништувале, без посебно одобрение од Директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција. Со ваквите дејствија предизвикале штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 50.670.000,00 денари, велат од Обвинителството.

Тони Јакимовски беше уапсен попладнево, откако претходно беше на распит за случајот на СЈО „Таргет Тврдина“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com