Man In a Suit, Tonal и Basic Trio на ЦИВИЛ Фест

0

По повод Меѓународниот ден за човекови права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, ЦИВИЛ организира дводневен фестивал посветен на граѓанското новинарство и активизмот, како и на декември – месецот на човековите права, кој ќе се одржи на 10 и 11 декември во МКЦ.

На вториот ден од фестивалот, 11 декември, ќе има и настап на музичките групи: Man In a Suit, Tonal и Basic Trio, со почеток од 20 часот.

Man In a Suit е бенд оформен минатата година. Се состои од Дарио Циевски (тапани), Теодор Јефремовски (бас), Кирил Тројачанец (сакс), Филип Методиев (гитара), Дарко Медарски (гитара, вокал). Својот звук го опишуваат како меланхоличен, широк и урбан.

Музичката кариера на Tonal започнува одамна и добро познат на алтернативната сцена.

Во 2011 година потпишал договор со локална продукција, но бргу сфатил дека нема да ги добие посакуваните резултати и дека ќе биде втурнат во некој звук кој не е негов. Оттогаш тој сам работи на својата музика. Првиот самостоен настап го имал на 8 декември 2011 година во кафулето „Опера“.

Во јуни 2017 година тој го започна првиот дел од својата европска турнеја, промовиран како “Virtual Tears Tour” и почна да го снима својот прв долгометражен документарен филм “Phantasmagoria”. “Moonraker” беше објавен на 31-ви октомври на Дискотека Лазиалес во Рим за време на вториот дел од “Virtual Tears Tour”. Турнејата заврши во Берлин во јули 2018 година, каде што го сними својот прв жив албум со наслов “Live In Berlin”.

Basic Trio е бенд од тројца членови: Марко Трендафиловски на тапани, Оливер Јаниќијевиќ на гитара и Дарко Поповски на бас. Од овој бенд ќе имате можност да ги слушнете најпопуларните џез композиции кои своевремено се создадени од великани како: Thelonious Monk, Dizzy Gillespie, Sonny Rollins, Miles Davis и многу други. Ова скопско трио постои од 2017 година и зад себе има остварено повеќе настапи низ Скопје.

Влезот на фестивалот е бесплатен.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com