Jа начекал сопругата со автолимар и го изрешетал со 15 куршуми

0

 

Во населбата Илиџа во Босна, пекарот Кемал Т, со пушка го убил комшијата, автолимарот со прекар Брацо, откако го фатил со својата жена Амела. Како што изјавиле комшиите, се слушнале дури 15 истрели, со кои Кемал му пресудил на Брацо кој веќе подолго време бил во љубовна врска со неговата жена.

„Кемо обично работеше навечер и не беше дома. Зошто се вратил, тоа никој не го знае, но ги затекнал во кревет со жена му и направил што направил“ изјавил еден од соседите.

Кемал имал план да исценира дека Брацо се самоубил во нивната куќа, но на инспекторите веднаш им било јасно дека човек не може да се самоубие со 15 истрели. Исто така Брацо бил пронајден во ходникот до излезната врата, најверојатно кога сакал да побегне.

Кемал подоцна го признал делото и е обвинет за убиство, а жена му за лажно сведочење.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com