HI-TECH прстен кој може да ви го подобри спиењето

0

 

Прстенот се носи на средниот прст каде што има поголем волумен на крв отколку во другите прсти. За прстенот е врзана мала капсула која содржи ситни светилки кои зрачат црвено светло низ кожата. Оваа светлина продира низ мали крвни садови во близина на површината и се апсорбира од протеин во крвта наречен хемоглобин, кој носи кислород низ телото. Сензорот мери колку светлина се апсорбира, што ќе покаже дали некој има лоши нивоа на кислород. Прстенот, исто така, содржи акцелерометар – мал уред кој ги следи движењата на рацете во текот на ноќта. Ова може да одреди колку често некој се буди и ја менува позицијата на телото, бидејќи нивното дишење е прекинато.

Носењето на ваков прстен со висока технологија на вашиот прст додека спиете, значително би ги подобрило шансите за рано дијагностицирање на одреден проблем. Се смета дека овој прстен може да открие апнеја при спиење, потенцијално опасно состојба на грчење, која пак може да го зголеми ризикот за добивање на срцев удар.
Дали и вие би го носеле?!

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com