9 ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА УЖИВАМЕ ВО ЕСЕНТА

0

 

Сега, кога веќе длабоко навлеговме во есента, можеме да уживаме во се она што ни го нуди. Често слушаме дека не е многу омилена, некако служи како мост помеѓу за повеќето долгоочекуваното лето и  за други пак омилената зима. Токму затоа забораваме колку есента всушност може да биде забавна и колку одлични работи може да правиме само во есен – токму затоа искористете ги овие денови и создадете есенски навики кои верувајте ќе Ви станат омилени!

Ви презентираме 9 супер причини да ја засакате есента и доколку почнете да ги практикувате едвај ќе чекате да дојде следната!

1. ПРОШЕТКА НИЗ СУВИТЕ ЕСЕНСКИ ЛИСЈА

Оваа активност никако да престане да биде забавна, откако бевме деца. Боите на есенските лисја се вистинска уметност, опкружени со тој добро познат звук на шумолење на сувите лисја, задоволство кое можеме да си го дозволиме само во есен.

2.ВРЕМЕ ЗА ФИЛМСКИ МАРАТОН

Летото некако неспорно не тера да го поминуваме времето надвор, токму затоа есента е совршена за сите филмови кои сме ги проштиле или да уживаме во сите кои следат.

3.ДОБРА КНИГА

Еден од омилените начини да се избега од секојдневието и да се замине во светот на фантазијата е токму книгата. Создадете удобна тивка атмосфера, одберете добра книга и уживајте!

 

4.ТОПОЛ ЧАЈ ИЛИ КАКАО

На добра книга супер друштво би и правел и топол напиток кој својот шмек го има само во есен!

 

5.КОСТЕНИ

Штом замирисаат првите печени костени знаеме дека дошла есента, едноставно тие се синоним за есен – затоа конзумирајте ги што почесто.

6.ШТРУДЛА СО ЈАБОЛКА И ЦИМЕТ

Јаболката иако ја имаме во секоја доба вистинскиот вкус го достигнува токму сега а во комбинација како печена јаболка со цимет и ореви или вкусот на прекрасната штрудла од јаболка идеален десерт за есен.

7.ТИКВА

Тиквата не ја заборавајте, освен што е многу здрава има супер деликатеси  токму од неа, не дозволувајте да помине есента без  да пробате печена тиква со мед, чорба од тиква или популарниот cheesecake од тиква.

8.МИРИСНИ СВЕЌИ

Идеални се мириси кои имаат вклучено зачини или топли дрвенесети ноти кои ќе ја разубават атмосферата во домот и ќе создадат вистинско cozy чувство.

9.ТОПЛА КУПКА

По напорниот ден или по било која од наведените есенски уживања, почастете се со топла купка во која ќе додадете етерични масла секако со некоја есенска нота.

Многу од нашите предлози се неспоиви еден без друг, како на пример добра книга, со топол ароматичен чај во омилениот кашмирен џемпер. Бидете креативни и создете си Ваша најдрага есенска комбинација уште од овој викенд!

 

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com