Европскиот ден на еврејската култура

0

Еврејската заедница во Република Македонија на 26 ноември 2018 година во 19:30 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура. Оваа манифестација се одржува паралелно во 32 европски земји, а Еврејската заедница во Македонија ја одбележува по 13. пат. Секоја година темата е различна, а ја поставува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство. Оваа година темата на Европскиот ден е „Раскажи ми приказна“.

Повторно под режисерската палка на Снежана Коневски-Руси, сценскиот приказ „Раскажи ми приказна“ е спој на глума, слика и музика, а на сцената ќе раскажеме еврејски приказни од Македонија и од Балканот. Настапува хорот на Еврејската заедница во Република Македонија „Моис Хасон“, а улогите ги толкуваат Надежда Рубен и Борче Начев.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com