Џези Џеф доаѓа во Скопје

0

По повод 14 години постоење SureShotz Entertainment, во соработка со Младинскиот културен центар, со гордост го најавува гостувањето на еден од најквалитетните хип хоп диџеи и продуценти на сите времиња Џези Џеф, кој доаѓа во рамки на светската турнеја “Where you add” и на која како специјален гостин му се појавува американскиот МС Рајм Фест – познат по соработката со Кање Вест.
Настанот е закажан на 22 октомври (понеделник) во Денсинг салата на МКЦ со почеток од 21 часот. И ако за миг помисливте дека понеделник не може да биде убав ден за излегување, мало потсетување – 23 октомври е неработен ден.
Џези Џеф е еден од оние диџеи чие име прво ви паѓа на памет кога помислувате на хип хоп и забава во исто време. Оваа легенда на хип хоп културата е родена пред 53 години во Филаделфија, каде на 10-годишна возраст за прв пат се среќава со магијата на грамофоните. Поради својата младост, на почетокот на кариерата работел како “bathroom dj”, забавувајќи ја публиката во локалните клубови, кога resident диџеите оделе на пауза во тоалет. Тоа за него не претставувало проблем, бидејќи го користел секој момент да работи на својата техника.
За себе вели дека токму таа работна етика во младоста била пресудна да прерасне во пионер на “transformer” и “chirp” scratch техниките, кои за прв пат ги среќаваме во 1998 година во мега хитот “Gettin` Jiggy Wit It” на Вил Смит. Џези Џеф и славниот актер и музичар се запознале на приватна забава во 1985 година и веднаш започнале да работат заедно под името Dj Jazzy Jeff and The Fresh Prince, нешто што подоцна се покажува како пресврт во кариерата на Џеф. Веќе наредната година ја освојува “Dj Competition” наградата на New Music Seminar и потпишува договор со продуцентската куќа Word Up Label. Двоецот во својата 10-годишна кариера објавува пет студиски албуми, а ќе останат запаметени по тоа што се првите рап артисти кои освоиле Греми награда (1989).
По распадот на бендот (Jeff и Smith се уште се многу добри пријатели и работат на заеднички проекти), тој се посветува на својата продуцентска куќа “A Touch of Jazz”, преку која помага во развојот на кариерите на голем број квалитетни музички имиња меѓу кои Eminem, Jill Scott, Musiq Soulchild, Jewel, The Roots, Talib Kweli, Rhymefest и други. Покрај нив, во текот на својата кариера соработувал и со De La Soul, Dj Cash Money, Method Man, CL Smooth, Big Daddy Kane и Raheem Devaughn.
Годинава беше актуелен како еден од судиите на RedBull Thre3Style натпреварувањето, а во октомври за прв пат ќе се претстави пред скопската публика.
Влезниците коишто се преостанати, а се во ограничен број, сега се продаваат по цена од 450 денари; на врата, пак, истите ќе чинат 600 денари. Влезниците, инаку, може да се купат во Југотон, на билетарницата на МКЦ и преку продажната мрежа на Мктикетс.
Локална поддршка се Shorty P, Irie Scratch, Geto Rudi и Druggy, и специјалните гости Dj Phat Phillie од Хрватска и Латин Принц од NYC/USA.

И уште еднаш не заборавајте – 22 октомври, Денсинг салата на МКЦ, настанот стартува во 21 часот, а вратите на МКЦ ќе бидат отворени од 20:30 часот.

Во продолжение линкови од дел од неговите сетови и видео најава:
DJ Jazzy Jeff @ Tomorrowland Festival 2018 – https://www.youtube.com/watch?v=S-KjRrmSTWE&t=908s

DJ Jazzy Jeff Boiler Room Philadelphia – https://www.youtube.com/watch?v=IvPdwoppGw4&t=4066s

DJ Jazzy Jeff Boiler Room London – https://www.youtube.com/watch?v=11Yd9u6BN4o&t=2444s

останати линкови:
Peter Piper Routine – https://www.youtube.com/watch?v=rgYJjCgZoJA
Summertime – https://www.youtube.com/watch?v=Kr0tTbTbmVA
Boom! Shake the Room – https://www.youtube.com/watch?v=4AVWZwZq_QU

social media:
fb event: https://www.facebook.com/events/358449007983555/
sure shotz fb: https://www.facebook.com/sureshotzmk/
sure shotz insta: https://www.instagram.com/sureshotz_mk/
jazzy jeff insta: https://www.instagram.com/djjazzyjeff/

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com