Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Ново откритие, ракијата лечи мамурлак?

0

На многу луѓе во светот им е смешно, кога ќе слушнат, како нивните соговорници ја величат ракијата и сметаат дека таа е лек на сите проблеми? Па има и некоја вистина во тоа, особено кога станува збор за различни болести. Има многу проблеми кои може да ги решите со овој магичен пијалок, а лошото расположение е еден од нив.

Еве неколку примери, за што се користи ракијата на Балканот:

  1. Болки во грлото

За да ја ублажат болката во грлото, луѓето многу често јадат чист мед или карамелизиран шеќер и на крај секако, пијат домашна ракија. Со загревање и потоа убивање на бактериите во грлото (од шеќерите во медот),многу луѓе сметаат дека алкохолот значително ќе ја олесни болката во грлото.

  1. Забоболка

Поради алкохолните состојки во овој пијалок, многу луѓе со помош на ракијата, успеваат да ги намалат болките во забот и да дезинфицираат други здравствени компликации, како што се чиреви на устата, рани и многу други инфекции што може да се појават на устата.

  1. Инфицирани рани

Како што знаете, секој вистински алкохол има одлични својства за дезинфекција ,а најдобар од сите е секако, ракијата. Дури и ракијата со низок процент на алкохол (околу 40%) поседува антиинфламаторни својства, па дури и таа може да ја користите како дезинфициент.

  1. Треска

Читајки го ова, многумина од постарите генерации, ќе се потсетат на нивните далечни детски години, кога нивните родители или баби и дедовци,со овој алкохол ги лечеле од настинка и треска. На пример, во Бугарија, луѓето користат мешавина на ракија со диви костени, како масло за масажа за да ја намалат покачената телесна температура. Во меѓувреме, во некои делови на Србија, мајките за да ја победат треската, на своите деца им ставаат компресии од комовица.

  1. Мамурлак

Почекајте, што?

Знаевме дека ракијата е најдобар лек и дека може да се користи како антисептик, но никогаш не би ни дошло на памет дека, овој магичен алкохол дури може да излечи мамурлак! Зачудувачки, но сепак вистина, ракијата навистина може да излечи мамурлак. Утрото, ако не се чувствувате добро од минатата пијана вечер, решението за тоа е да продолжите да пиете и многу брзо ќе се вратите во блажената состојба на пијанство.  Ниту вие, ниту некој од вашите пријатели, нема да се сети што ли значи зборот мамурлак и како е чувството да си мамурен. Толку е едноставно.

 

Добро, последниот дел не беше  чудесна медицинска примена на овој популарен пијалак, но остатокот е сосема точен. Само прашајте го било кој Балканец за нивното детство, повеќето од нив се сеќаваат како нивните семејства лекувале различни болести со ракија. На здравје!

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com