Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

5 работи што мора да ги знаете за согорување повеќе калории

0

Сакате да ја намалите вашата телесна тежина?  Некои сметаат дека е многу полесно да ослабнеш, отколку да трошиш енергија на вежбање. На пример, ако сакате да согорите 500 калории, за да успеете во тоа, потребно е само да се откажете од една голема чоколадна лента или Биг Мек. Додека сме кај вежбањето, ако сакате да согорите 500 калории, мора 30 минути напорно да тренирате, 45 минути умерено да трчате или 2 часа да пливате.

Потребно е многу помаку време и вложен напор да се изеде еден морков, наместо хамбургер, отколку да потрошите еден час на вежбање.

Но покрај губењето тежина, има и многу други позитивни страни на вежбањето или спортувањето. Физичката активност и спортувањето, ви  го подобруваат вашето расположение, го намалуваат секојдневниот стрес, прават мускули и го намалуваат ризикот од хронични болести.

Доколку сакате, да ја зголемите вашата физичка активност, трошењето енергија и да го подобрите целокупното здравје, тоа може да го направите на многу начини.

Ако сакате да согорите повеќе калории, проверете ги следниве 5 точки:

  1. Напорно вежбајте

Никој не може да негира,  дека напорното вежбање, со интензивна сила  е ефикасен начин за брзо зголемување на потрошената енергија. Колку посилно твоите мускули работат, толку повеќе енергија се троши во секоја минута.

„EPOC“ (прекумерна потрошувачка на кислород после вежбање) опишува колку кислород, или енергија, вашето тело користи за да се врати во состојба на одмор. Колку подолга и поенергична  е вашата активност, толку е поголем EPOC и ефектот на слабеење.

Исто така, добро e да се има на ум, дека вежбата со висок интензитет е од суштинско значење, бидејќи го подобрувате „VO2max“ (показател за кардиореспираторен фитнес). Зголемувањето на показателот „VO2max“ не е добар само за спортисти, туку има значително влијание врз вашето целокупно здравје и може да ви помогне да живеете подолго и поздраво.

  1. Тренирајте бавно и долго

Тренирањето со низок интензитет е исто така одличен начин за согорување калории, само треба да тренирате подолго време.

Дали знаевте дека разликата во потрошувачката на енергија не е голема, додека трчаш 5 километри или брзо пешачиш 5 километри? Додека трчаш, мускулите повеќе се затегнуваат и активноста ја завршуваш за пократок временски период, но додека пешачиш ти треба повеќе време и тоа помага да се балансираат работите. Исто така, вистина е дека кога работите со понизок интензитети, мускулите согоруваат повисок процент масти од јаглени хидрати.

  1. Најважно од се, бидете физични активни

Со секоја физичка активност, се зголемуваат количината на калории што ги согорувате.На пример, повремено одберете ги скалите, наместо лифт, одете пешки или со велосипед до продавница, наместо да возите, играјте со вашите деца, наместо да гледате телевизија и ќе забележите огромна разлика во вашите дневни енергетски трошоци!

  1. Направи мускули

Мускулите растат преку синтеза на протеини, што е еден од процесите, кој најмногу троши енергија во клетката. Дополнително, мускулното ткиво е метаболички поактивно и согорува повеќе калории од масното ткиво.  Колку повеќе мускули имате, толку е поголема потрошувачката на енергија, што значи дека вашето тело согорува повеќе калории, дури кога седите и ништо не правите.

  1. Го намалува стресот

Намален стрес, добар сон и исхрана одат рака под рака. Ако акутниот стрес, може да предизвика губење на апетитот и телесната тежина, хроничниот стрес може да доведе до зголемена потреба за јадење и преголема телесна тежина

Додека вежбањето е одличен за намалување на стрес, намалениот стрес пак, ќе ви помогне да успеете да намалите тежина.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com