Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

„12 години и две бебиња подоцна“

0

Австралијка, личен тренер на 30 години, покажува колку малку нејзиното тело се менува со текот на годините и открива како ја задржува таа форма.

Кога станува збор за изглед и за останување во форма, од многу професионалци ќе слушнете дека не е толку важно колку сила и напор вложувате додека ги правите вежбите, туку колку често вежбате. Таа го илустрираше тоа на многу јасен начин.

Шонтел Данкан од Бризбејн, неодамна на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија каде што таа се споредува себеси и нејзиното тело кога имала 18 години и како изгледа сега на 30-годишна возраст.

„Најголемата трансформација на овие две слики се начинот на живот и приоритетите“, објасни таа, додавајќи дека станала мајка два пати.

„Едно нешто останува исто“, рече Шонтел. „Јас сè уште вежбам секоја недела. Никогаш не сум го сменила својот стил на тренинг“.

30-годишниот тренер ја откри најважната работа што ја задржува нејзината форма во текот на овие години:

„Истрајноста е клучот, но да се достигне не е секогаш лесно.  Паѓањето од вагонот се случува, едноставно морате постепено да го дисциплинирате своето однесување и да се вратите назад“.

Шонтел благодарение на нејзината искреност и интересен пристап кон фитнесот, има повеќе од половина милион мажи и жени кои што ја следат  и подржуваат во текот на изминатите неколку години.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com