Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

10 чудни, но генијални трикови за убавина

0

 

Одржување на здраво тело е навистина напорна и тешка работа. Треба да се соочиме со вистината, колку повеќе старееме, толку повеќе брчки добиваме на лицето. Ако сакате да ги минимизираат знаците на стареење, се со цел да изгледате помладо, треба да се обидете да користите повеќе шминка и други производи за убавина. За среќа, постојат некои неверојатни тајни, што би можеле да ви помогнат да изгледате поубаво и помладо.

  1. Направете си сами свој кармин

Ако некогаш се најдете во ситуација, да немате дома од вашиот омилен кармин, може да го искористите овој совет. Намокрете сенка за очи во бојата што ја сакате и нанесете го на вашите усни.

  1. Средете ги разбушавените веѓи

Доколку вашите веѓи се разбушавени, ако сте надвор и немате чешелче да ги средите, нанесете лабело за усни за да ги задржите на правилно место.

  1. Како убаво да ви мириса косата

Ако сакате вашата коса да мириса неверојатно убаво, има неколку начини да го направите тоа. Првата опција е да купите шампон со силен мирис. Друг начин, што малку луѓе го знаат, а е многу ефикасен е да прснете од парфемот на четката за коса и неколку пати да ја исчешлате косата.

  1. Како побрзо да ја исушите косата

За брзо сушење на косата, потребна ви е само една обична стара маица. Памучниот материјал на маицата е малку погруб за косата, но исто така овозможува да задржи дел од влагата.

  1. Освежување на лицето

Овој спреј ќе ве натера да изгледате и да се чувствувате свежо, дури и по долг и напорен ден. Потребно е само да измешате алое гел и обична прочистена вода. Оваа мешавина, истурете ја во едно шише и колку може почесто, прскајте на лицето.

  1. Нанесување вештачки трепки

Вештачките трепки се одличен избор, доколку не сте задоволни од големината на вашите природни трепки. Но процесот на нанесување е често многу комплициран. За да го направите  тоа на полесен начин, пробајте да ги исечете трепките на третини пред да ги примените. Многу полесно ќе биде да ја нанесувате секоја третина посебно.

  1. Користете јагоди за избелување заби

Јагодите се природни киселини и може да се користат како домашно избелување на забите. Само внимавајте: Третманите за избелување на забите, може да бидат штетни за вашите заби. За тоа потребно ви е да измешате лажичка изрендани јагоди со лажичка сода бикарбона, а двапати месечно може да го користите како замена за вашата паста за заби.

  1. Подолготраен мирис на парфем

Доколку сакате мирисот на вашиот парфем да трае подолго, нанесете малку вазелин во областите каде што претходно сте прснале од парфемот.

  1. Омекнете ги стапалата

Ако шетате многу, значи голема е веројатноста да имате груби стапала. Измешајте 2 чаши топла вода, 1 чаша оцет, и 1/2 чаша сода бикарбона. После долг работен ден, потопете ги нозете околу 20 минути, а потоа исушете ги со крпа

  1. Намалето го непријатниот мирис на нозете

Користете сув шампон за да го намалите мирисот на миризливите нозе. Пред да облечете чевли, нанесете на дното на ногата сув шампон кој што треба да ги апсорбира сите масла или пот што го создаваат нозете.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com