10 факти за најголемиот наркодилер во светот

0

 

Во САД, во тек е судење во врска со добро познатиот наркобарон, Хоакин Гузман, наречен „Ел Чапо“, шеф на нарко картелот Синалоа. Неговата одбрана во вторникот излезе со соопштение дека претседателите на Мексико, вклучувајќи го и сегашниот лидер, земале мито од картелот Синалоа. Пред судот во Бруклин, адвокатот на Гузман, Џефри Лихтман, го одржа своето воведно обраќање. Тој притоа тврдеше дека лидерот на нарко картелот Синалоа во реалноста не е Ел Чапо, туку Исмаел Самбада.

Според адвокатот, Самбада „им плаќа мито на сите мексикански власти, вклучително и на највисоко ниво, на актуелниот претседател на Мексико”, како и на поранешните лидери на земјата.

Ви претставуваме 10 факти за Ел Чапо:

  1. Гузман се здобил со прекар „Брзиот“

Во 1970 Гузман почнал со продажба на марихуана во Мексико, а подоцна се вмешал во нелегална трговија на дрога во САД. Ова му дозволило многу брзо да шверцува големи количини дрога во соседната земја. Поради оваа причина, тој го доби прекарот „Рапидо“, кој преведен од шпанскиот јазик значи „Брз“

  1. Гузман водеше вистински војни со конкурентите

Кога бизнисот на Гузман почна да процветува, конкурентите станаа многу поактивни. Гузман беше приморен да води вистински крвави војни, за да покаже дека е најдобар. Во 90-тите години војните беа посебно сурови.

  1. Во обидот да го убијат Гузман, настрадал свештеник

Во 1993 година, бил убиен кардиналот од Римокатоличката црква – Хуан Исус Посадас Окампо во Гвадалахара. Се претпоставува дека причината за смртта на кардиналот бил Хоаким Гузман, кој во тој момент сакал да избега во Гватемала. Таму бил уапсен и вратен во Мексико. Лежел во затвор 8 години и од таму продолжил да управува со картелот.

  1. Гузман два пати успеал да избега од затвор

Во 2001 година тој успешно избегал од затвор, криејќи се во количка за валкани алишта. За повторното апсење на Гузман, американската и мексиканската влада потрошиле вкупно 8,8 милиони американски долари. На 22 февруари 2014 година, Гузман беше фатен од мексиканските власти без ниту еден истрел во својот стан на плажата во Мазатлан, Синалоа.

11 јули 2015 Ел Чапо побегна од специјално чуван затвор во Мексико, кога под дофатот на камерата, на длабочина од дваесет метри направил тунел со должина од еден километар.

  1. Гузман се заканувал на Трамп и ИСИС

Летото, 2015 година, човек кој што се претставувал како син на Хоакин, преку порака на социјалната мрежа „Твитер“ се заканувал на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во декември, истата година, Ел Чапо му се заканувал на лидерот на ИСИС – Бакр ел Багдади, поради уништување на пратка со дрога.

  1. Гузман успеал да избега од елитните единици на мексиканската морнарица

Во 2016 година, мексиканските разузнавачки служби, откако добија информации дека Ел Чапо се крие во неговата матична држава Синалоа, се потрудија да го фатат со елитната единица на мексиканската морнарица. Но и овој пат, наркобаронот успеа да им побегне преку канализацијата.

  1. Гузман бил предаден од саканата

Полицијата го фати Ел Чапо во 2016 година благодарение на неговата романтична преписка со 43-годишната мексиканска актерка Кејт дел Кастиљо.

  1. Гузман сакал да се сними филм за него

Во почетокот на јануари 2016 година, холивудскиот актер Шон Пен го интервјуираше Ел Чапо за списанието „Ролинг Стоун”. Познатиот режисер Оливер Стоун помогна да се организира средбата меѓу Гузман и Пен.

Во 2017 година за Ел Чапо била снимена серија со наслов „Ел Чапо“

  1. Против Гузман има 17 обвинувања и доколку го осудат, може да заврши во затвор до крај на живот.
  2. Гузман се смета за најопасен криминалец во светот

После смртта на Осама Бин Ладен, за најопасен криминалец бил прогласен Ел Чапо. Гузман Лоера е лидер на најголемиот нарко картел „Синалоа“. Владата на САД нудеше награда од 5 милиони американски долари, за тој што ќе успее да го фати Гузман. Ова е една од најголемите награди во историјата на меѓународната борба со наркомафијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com