Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

10 Необични факти за човечката психа што тешко дека ќе ги најдеме во некој учебник

0

 

  1. Луѓето со многу висок IQ немаат многу пријатели

Тоа се случува затоа што нивниот мозок е преокупиран со решавање на навистина сериозни проблеми и тие ја сметаат комуникацијата како губење време.

  1. Депресијата ја менува перцепцијата на бои

За време на напад на депресија, мрежницата станува помалку чувствителна на контрастни бои, па пациентите слабо ги разликуваат боите.

  1. Не се фали за своите планови, инаку ништо нема да излезе од нив

Кога зборувате за вашите планови, вашиот мозок ја смета оваа задача како „извршена“ и многу е тешко да се убеди во спротивното. Може да звучи како суеверие, но по сериозни истражувања, психолозите докажаа дека оваа поврзаност е вистинска.

  1. Знаењето странски јазик ви помага да донесувате одлуки.

Научниците веруваат дека луѓето често им веруваат повеќе на емоциите кога донесуваат одлуки. Меѓутоа, ако ја анализирате ситуацијата на странски јазик, рационалниот дел од вашиот мозок ќе се вклучи, така што вашиот пристап ќе биде повеќе избалансиран и нема да вклучува прекумерни ризици.

  1. Младите луѓе почесто страдаат од депресија

Истражувањата покажуваат дека повеќето несреќни луѓе во светот се оние кои се под 30 години. Мажите и жените од 18 до 30 години се повеќе склони кон анксиозност и стрес.

  1. Заморот може да ја зголеми вашата креативност

Креативните мисли често доаѓаат кај исцрпените луѓе, бидејќи нивните мозоци работат помалку ефикасно: не отфрлаат идеи кои можеби изгледаат луди на прв поглед, односно кои често се отфрлени.

  1. 80% од секој разговор е озборување

Научниците излегоа со шокантни статистики: 80% од нашите разговори се само озборувања и размена на информации за пријателите и колегите.

  1. Среќата со пари СЕ купува

Можете да купите чувство на среќа, но парите не треба да ги трошите на себе, туку на вашите роднини, пријатели или добротворни цели. Кога донесуваме радост на другите, ја подобруваме нашата самодоверба, сметаме дека сме поважни и стануваме посреќни и позадоволни од нашиот живот.

  1. 20 секунди се доволни за да се стекне доверба

За да воспоставите доверба, треба да го прегрнете лицето околу 20 секунди. Тоа се случува поради окситоцин- хормон кој се ослободува кога се чувствуваме безбедно (вклучително и кога сме со нашите најблиски) што не смирува и опушта.

  1. 80% од вашите мисли се негативни.

Секој ден, 12.000 до 60.000 мисли во просек доаѓаат во нашите глави. Но, 80% од нашите мисли се негативни.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com