10 необични аеродроми во кои ќе посакате да останете засекогаш

0

 

Најважни се првите впечатоци и првите места кои ќе ги посетите во нов град или држава. Ако се најдете во овие 10 неверојатни аеродроми, ќе се заљубите во градот уште на прв поглед.

  1. Меѓународен аеродром Ашхабад (Туркменистан)

Новиот аеродром во Ашхабад, дизајниран како сокол во лет, стана не само новo обележје на земјата, туку и влезе како Гинисов светски рекорд, за аеродром кој ја поседува најголемата слика од светски орнаменти на покривот на главната зграда за патничките терминали.

  1. Меѓународен аеродром во Абу Даби (ОАЕ)

Аеродромот, кој изгледа како лебдечки брод, се наоѓа помеѓу Абу Даби и Дубаи. Совршено се вклопува во атмосферата на овие луксузни градови.

  1. Меѓународен аеродром Лион-Сент-Егзипери (Лион, Франција)

Аеродромот во Лион е именуван по Антоан де Сент Егзипери, светски познат француски писател, роден во овој град, кој патем, бил и професионален пилот.

  1. Аеродром Маракеш Манара (Мароко)

Тој е еден од најубавите аеродроми во светот и се користи за домашни, трансконтинентални и меѓународни летови. Изграден е на единствен проект кој ги обединува европските технологии и традициите на мароканската култура.

  1. Меѓународен аеродром во Инчеон (Јужна Кореја)

Еден од најголемите аеродроми во светот, од 2005 година според Меѓународниот совет на аеродроми, се смета за најдобар аеродром во светот.

  1. Меѓународен аеродром во Вашингтон (САД)

Аеродромот е именуван по Џон Фостер Далес, државен секретар на САД во администрацијата на Двајт Д. Ајзенхауер.

  1. Меѓународен аеродром Џон Ф. Кенеди, Њујорк (САД)

Овој аеродром е апстрактен симбол на летањето. Зградата се смета за една од најоригиналните аеродромски згради во светот. Внатре е уште поневообичаено од надвор: нема јасни страни и ѕидови, што го симболизира постојаното движење.

  1. Меѓународен аеродром во Пекинг, Терминал 3 (Т3).

Првиот аеродром во Кина. Од надвор, зградата има форма на фигура на змеј, а чекалната е украсена со зимска градина (дизајнот на аеродромот е направен во традиционален кинески стил). Аеродромот е гордост на Кина и еден вид музеј на кинеската култура.

  1. Меѓународен аеродром во Јапонија, регион Кансај

Аеродромот се наоѓа на вештачки остров. За да го поврзат аеродромот со земјата, бил изграден мостот Небеска Порта. Неговата должина е 3,75 километри, што го прави овој мост најдолгиот двоен мост во светот. Кансајскиот аеродром се смета за едно од инженерските чуда на 20 век.

  1. Меѓународен аеродром во Дубаи (ОАЕ)

Најголемиот цивилен аеродром во Обединетите Арапски Емирати, кој што им овозможува на патниците да се почувствуваат како да се наоѓаат во вистинска шума со палми. Во терминалот 1 има десет кабини за спиење, од кои секој има кревет, брз интернет и голем телевизор.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com