Џулија Робертс реши да стави точка

0

 

Американската актерка Џулија Робертс, има оставено за себе низа улоги во романтични комедии (од „Нотинг Хил“ до „Убава жена“), но за жал таа реши да се раздели со тој жанр.

Во едно од своите интервјуа, таа изјави:

„Дојде време во мојата кариера, кога луѓето мислеа дека можам да глумам само во романтичните комедии, кои лично многу ги сакам, сакам да глумам во нив и да ги гледам. Но тие романтични комедии, веќе не соодветствуваат на сегашното мое животното искуство и на мојата возраст“, изјави 50-годишната холивудска актерка.

На ова, Робертс уште и додаде: „Не се важни само годините, туку и работното искуство што го имате оставено за себе. Поминатите макотрпни години, ме имаат изградено во силна личност, а ликовите во романтичните комедии, треба да бидат наивни и млади. Поради тоа веќе тешко ми е да се пронајдам во овој жанр“.

Најновиот проект на Џулија Робертс е новата драматуршка серија на Амазон „Враќање дома“, во која што  Хајди Бергман(Џулија Робертс), во почетокот ја гледаме како вработена во установа специјализирана за помош на војниците, кои се враќаат во цивилниот живот. Потоа таа се откажува од таа професија и се враќа дома, во мало гратче, каде што живее со својата мајка и работи како келнерка. Нејзиниот лик е прогонуван од параноја и сеќавања што постојано ја прогонуваат.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com