Џорџ и Амал Клуни ќе бидат кумови?

0

Се прашувате кого ќе изберат Меган Маркл и Принцот Хари да бидат кумови на нивното кралско бебе? Веројатно изборот е меѓу цела група среќни пријатели и членови на семејството, но први на листата се потенцијално Џорџ и Амал Клуни.

„Дејли мејл“ денес објави дека познатата двојка е „сѐ освен потврдена“ за да биде меѓу кумовите на бебето, со изјава од близок пријател со нив и со „ројалците“ за списанието: „Амал и Меган се блиски со години, а Хари и Џорџ станаа пријатели поради тоа. Тие се многу поблиски отколку што насловните страници покажуваат“.

Изворот, исто така, вели дека Џорџ „им кажал на неколку луѓе дека има силно претчувство“, дека ќе бидат прашани да бидат кумови.

Јасно е дека двојките се навистина супер блиски, бидејќи Џорџ и Амал беа на листата за гости за кралската свадба, а Меган и Хари, наводно, ги посетија во езерото Комо кратко потоа. Се разбира, нема официјално да дознаеме дали сето ова е вистина до  следната пролет, кога кралското бебе треба да пристигне!

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com