Џони Деп се крие низ Белград

0

Холивудскиот актер Џони Деп моментално се наоѓа во Белград каде го снима филмот „Минaмата“ во кој ја игра главната улога на фоторепортерот Вилијам Јуџин Смит.

Како што пренесува српски „Блиц“, интересирањето за овој филм и кадрите е огромно, можеби поради тоа што Деп е сосема непрепознатлив. Актерот е презадоволен како тече снимањето, токму како и целата екипа која работи на овој проект.

Деп ја оживеа улогата на славниот фоторепортер кој снимил фотографии кои сведочат за загадувањето во Втората светска војна кога е нарушено здравјето на жителите на градот Минамата.

Имено, Џони Деп престојува во еден белградски хотел во кој го доведе целиот свој тим, додека на снимањето му е достапно сè дури и кампер каде славниот актер може да се одмори.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com