Џиџи Хадид позира во ретро стил

0

Џиџи Хадид стана заштитно лице на новата пролетно-летна колекција на Прада, а за новата фотосесија таа се претвори во убавица од минатото: бели веѓи, кратки шишки и бујни трепки.

Снимањето се одвиваше во главниот град на Унгарија, Будимпешта, а за фотографиите се погрижи белгискиот фотограф Вили Вандерпер. Вандерпер ќе ги израдува фановите со кратки филмови од Хадид кои сите со нетпрение ги чекаат.

Џиџи Хадид изјави на својата страна на Инстаграм: „Тешко е да се објасни колку е важна оваа кампања за мене. Има некои работи во животот за кои сонувате, но никогаш не мислите дека ќе ги постигнете. Поради тоа, големо благодарам на целиот тим на Прада за неверојатно искуство што го стекнав и можноста што ми ја дадоа да покажам колку вредам“.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com