„Џифони патува“ и во Кочани

0

 

По завршувањето на Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија кој се одржа минатиот месец во Скопје, продолжува патувачкиот дел во помалите градови низ Македонија под наслов „Џифони патува“.

Утре и задутре во Кочани ќе се одржи Фестивалот за млади „Џифони патува во Кочани“ кој ќе го отвори градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, а потоа во текот на двата дена младите ученици ќе гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерката Нина Максимова, која ќе биде и ментор на актерската работилница.

Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. На овој начин и младите од помалите градови каде најчесто не постои можност за гледање на филмови во кино сала, ќе можат барем за кратко да ја осетат магијата на филмот. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.

Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кочани и Италијанската амбасада во Скопје.

Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Струмица, Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а до крајот на оваа година ќе продолжи во Струга и Гостивар.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com