Познатиот американски комичар Џим Кери се сврте против основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“ – Марк Закерберг. Актерот во свој карактеристичен ироничен стил, го навредил американскиот информатичар и програмер Закерберг.
„Еве една мала порака за тебе, на твојот мајчин јазик : 01000110 01110101 01100011 01101011 00100000 01111001 01101111 01110101 00101110 00100000 00001101 00001010. Тоа значи, оди по ѓаволите“, напиша Џим Кери на својот профил на „Твитер“.
„Сите знаеме, што имаш направено“ – додаде Кери.
Во последно време, многу обвинувања се свртени кон „Фејсбук“ , за фалсификување на реклами од страна на оваа социјална мрежа и соработка со Русија.