Џејми Оливер банкротира

0

Еден од најдобрите светски готвачи Џејми Оливер банкротираше и повеќе нема пари за вложувае во своите ресторани. Тој призна дека нема да има доволно пари за да ги покрива трошоците на неговиот ланец ресторани Jamie’s Italian доколку тие имаат понатамошни потешкотии во работењето.
Оливер одвои 13 милиони фунти од својот џеб за да ги одржи во живот преостанатите 23 ресторани, откако претходно мораше да затвори 12 од нив поради акумулиран долг од 71,5 милиони фунти.
„Немам уште многу пари за да ги инвестирам во нив. Постои граница која не смеам да ја преминам, бидејќи не смеам да ги ризикувам останатите бизниси и животите на луѓето кои работат во нив“, вели Џејми Оливер.
Британскиот готвач кој се прослави преку телевизиското шоу „The Naked Chef“ зад себе остава една тешка година од животот, во која работите не му одеа од рака како што беше случајот досега. Оливер вели дека неговиот бизнис со ресторани повеќе не е „на апарати“ и полека заздравува, но потенцираше дека во иднина мора да биде многу претпазлив за да спречи потенцијален банкрот и пропаѓање.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com