Џеф Безос за два дена загуби 19,2 милијарди

0

Најбогатиот човек во историјата и основачот на „Амазон“ – Џеф Безос за два дена загуби 19,2 милијарди американски долари поради пад на цената на акциите на компанијата. На овој начин, тој го надмина рекордот на загуба, кој му припаѓаше на сопственикот на социјалната мрежа „Фејсбук“ – Марк Закерберг.
Во петокот на 26 октомври акциите на компанијата „Амазон“ на њујоршката берза НАСДАК се намалија за 7,8 %, а на 29 октомври – за уште 6,3%. Ниту дводневна пауза за време на викендот не го запре падот на акциите.
Според аналитичарите, главната причина за нивниот пад е објавување на изјавите на компанијата за третиот квартал. Во него, приходите изнесуваат 56,6 милијарди американски долари, што е 0,5 милијарди помалку од очекуваната бројка. Сега една акција на „Амазон“ на НАСДАК вреди 1538.9 американски долари.
Кон крајот на јули, поради падот на акциите на „Фејсбук“, богатството на Марк Закерберг се намали за 16,5 милијарди долари, или за 20%.
Агенцијата го споредува сегашното богатство на Безос кое изнесува 128,1 милијарди американски долари и богатството во септември кое изнесуваше 167,7 милијарди американски долари.
Но и покрај оваа загуба, Џеф Безос останува најбогатиот човек во историјата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com