Џенифер Лопез ја откри тајната на нејзинината успешна врска со Алекс Родригез

0

Без сомнеж 2018 беше успешна година за Џенифер Лопез. 49-годишната ѕвезда заврши со својот престој во Лас Вегас, каде продуцираше и глуми во нова романтична комедија наречена „Вториот чин“, и што е најважно, докажа дека таа и дечкото Алекс Родригез се дефиницијата за „#RelationshipGoals“. Без разлика дали биле на црвен тепих, покажувајќи го нивниот стил како двојка или уживајќи во семејното време, секогаш изгледаат одлично!

Со сето она што им се случува на професионален план, важно е Џенифер и Алекс да работат напорно и на нивната врска. Во ново интервју, пејачката открива како таа и безбол ѕвездата се надополнуваат еден со друг. „Каде си слаб, тие се силни. Каде си силен, тие се слаби, и си ги пополнувате празнините едни со други“.

„Има нешто што тој го прави и се концентрира на нешта на кои јас не. Ние сме јин и јанг на некој начин. Ние сме еден вид огледални близнаци еден на друг, но во исто време и целосно спротивни … И ние само меѓусебно се комплементираме навистина добро“, вели таа.

Еден плус за да се има совршена врска? Имајќи совршена елка, се разбира! Џенифер неодамна на Инстаграм ја откри нивната празнична елка, која секако има и црвени рози.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com