Џенифер Лопез со насолзени очи зборува за своите несигурности

0

Сите очи беа вперени кон Џенифер Лопез, кога пристигна во Њујорк, во понеделникот вечерта, каде таа беше снимана за промовирање на нејзиниот претстоен филм „Втор чин“, придружувана од нејзиниот Алекс Родригез.

По завршувањето на снимањето, 49-годишната пејачка и актерка присуствуваше на панел дискусија која вклучуваше доста влијателни и инспиративни жени, меѓу кои и продуцентката Елејн Голдсмит-Томас, генерален директор на „Full Picture“- Дезири Грубер, новинарката и бизнисменка Аријана Хафингтон и Д-р Стејси Л. Смит.

Лопез беше поканета да разговара за клучните моменти во нејзината кариера. Таа рече: „Да, јас сум конкурентна, но јас сум конкурентна со себе. Колку подалеку можам да одам; колку повеќе можам да направам; колку повеќе можам да бидам. И тоа е нешто на кое што постојано мислам, и тоа е типот на луѓето со кои сакам да се опкружувам“.

Супермајката потоа призна дека не секогаш ја има довербата што силно ја отсликува, што ја ги наполни нејзините очи со солзи.

„Имаше различни луѓе во мојот живот во различни времиња, кои ми велеа „Ти си добра во тоа“, рече таа.

„Јас кога ќе одев во студио велев „Па, јас не сум голема пејачка“ и тие ќе прашаа „Што зборуваш?“ и јас одговарав „Па, јас не пеам како Арета Френклин“, и тие: „Не е важно. Ти пееш како Џенифер Лопез и луѓето го сакаат , и тогаш ќе си речев: „Така е“ и тие ќе потврдеа. Тоа се моменти кои ги паметите. Луѓето, тие само садат семе за вие да се погледнете себе си на подобар начин. И во тие моменти само – продолжуваш понатаму“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com