Џена Дуан брзо го заборави Ченинг Тејтум

0

37-годишната танчерка, Џена Дуан, поранешната сопруга на Ченинг Тејтум, се чини дека се опоравила од разделбата од нејзиниот сопруг и почна да се гледа со 43-годишниот актер Стив Кази.
Џена и Стив се заедно веќе неколку недели и не ја кријат нивната врска. Тие заедно посетуваат социјални настани: актерката беше видена со него на забава во чест на Ноќта на вештерките. Без срам, двојката не ги криеше чувствата и пред сите разменуваа нежни бакнежи. За разлика од Дуан, која изгради кариера во филмската индустрија и често може да ја видите на телевизија, Кази е познат по својата работа во театарот и пред неколку години за неговата улога во мјузиклот „Еднаш“ му била доделена престижната награда „Тони“ .
Џена откако официјално поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Тејтум, одлучила да не ја крие својата врска со Стив. Но и нејзиниот поранешен сопруг не е за жалење. Новинарите уверуваат дека актерот почнал да се гледа со британската пејачка Џеси Џеј (пејачка на хитот „Бенг Бенг“ со Ариана Гранде и Ники Минаж), која е феноменално слична на Џена.
Да ве потсетиме, Ченинг Тејтум и Џена Дуан се распадна во април 2018 година по девет години брак. Двојката има заедничка ќерка, 5-годишната Еверли.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com