Џастин Тимберлејк и Џесика Бил конечно го продадоа апартманот во Њујорк за 6,35 милиони долари

0

По осум месеци на пазарот, прекрасниот апартман во Њујорк на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил, е продаден за 6,35 милиони долари. Пејачот ги предаде клучевите на купувачот по значително намалената цена – првично беше понуден за 7,995 милиони долари во март 2018 година – што значи дека го продале само за нешто повеќе од 6,57 долари што тој ги плати во 2010 година.

Апартманот со три спални и три и пол тоалети, има вкупно седум соби, вклучувајќи дневна соба, кујна и трпезарија со високи тавани од десет метри, камини и прозорци од подот до таван, кој беше на листата со недвижности компанија Stribling, се наоѓа на границата на SoHo и TrBeCa – две од најголемите гламурозни населби во Њујорк. Терасата нуди неверојатни погледи низ Менхетен.

Џесика и Џастин, кои го добија синот Сајлас во април 2015 година, не се преселија надвор од Њујорк; но минатата година двојката инвестирала во друг апартман во Трибека.

Несомнено главната причина заради која би го купиле прекрасниот апартман е пространата дневна соба и трпезарија. Панорамата на Менхетен обезбедува совршена заднина за совршен социјален простор за забава. Славните сопствениците ги опремиле просториите со кожени софи и фотелји во темни есенски тонови, а има и простор за големото пијано на музичарот.

Прозорците од подот до таванот значат дека просторот за јадење, во непосредна близина на кујната, е преплавен со природна светлина. На трпезариската маса има простор да седат четири гости, кои лесно може да бидат послужени од елегантната и модерна кујна која се наоѓа веднаш до просторијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com