Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Џастин Бибер го тешеа пријателите кога дозна дека неговата бивша е хоспитализирана

0

 

Џастин Бибер ја помина вечерта во средата на вообичаената црковна служба во Лос Анџелес и се чинеше дека е многу вознемирен кога заминуваше. Папараците го фотографираа како го тешеле пријателите на пат кон неговиот автомобил. Наредниот ден Бибер беше фотографиран во неговиот автомобил како ги крие солзите додека до него седеше неговата жена, Хејли Болдвин.

И покрај тоа што не е јасно што точно е причината – само Бибер може да каже- некои шпекулираат дека тоа може да се должи на веста за хоспитализацијата на неговата поранешна девојка Селена Гомез. Веста за неговата бивша излезе во јавноста околу 6 часот, а црковната служба на која Бибер присуствуваше започнува во 8 часот. Можеби Биебер дознал пред, за време или токму кога службата завршила … или можеби е вознемирен поради нешто сосема друго.

Бибер и Гомез, кои првпат ја започнаа својата врска во 2009 година, честопати оделе во црквата во среда вечер. Бибер сепак присуствувал и по раскинувањето со Селена, а минатата недела беше забележан таму со Хајли Болдвин, неговата нова сопруга.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com