Џастин Бибер го предизвикал Том Круз да се бори против него

0

Музичката ѕвезда Џастин Бибер, го предизвикал актерот Том Круз да се бори против него во UFC меч. Канадскиот пејач се огласил на Твитер и го повикал холивудскиот суперстар на овој судир.

“Сакам да го предизвикам Том Круз да се бори против мене во октагон. Том, ако не ја прифатиш оваа борба, тогаш се плашиш. Кој сака да го организира овој меч?”, напишал Бибер на социјалната мрежа.

Том Круз не се огласил, но затоа тоа го направил славниот УФЦ борец Конор МекГрегор, кој сака да го организира овој меч.

“Ако е Том Круз доволно маж да го прифати овој предизвик, “McGregor Sports and Entertainment” ќе ја организира оваа борба”, напишал МекГрегор.

Инаку, тоа што е познато е дека Том Круз е и тоа како во форма во својата шеста деценија и дека сам ги снима сите свои сцени, без помош на каскадер. Дали ќе го прифати предизвикот на младиот Бибер, ќе видиме.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com