Ќе се спасат ли многу животи со новото откритие?

0

 

Научниците во лабораторија успеале да создадат хибрид меѓу човек и животното. Со овој проект се докажува дека, клетките на едно човечко суштество може да се пренесат во не-човечки организам. Научниците објаснуваат како човечките клетки може да преживеат и дури да продолжат да растат во организамот на едно животно, во овој случај свињата.

За овој биомедицински напредок, научниците од секогаш сонувале, но во исто време ги остава во голема дилема.  Дали со ова откритие ќе може да се најде решение за недостиг на донаторски органи? Со развивање на биотехнологијата, во иднина луѓето не треба да се надеваат на смртта на друг човек, туку органите на донаторот би можеле да се одгледуваат во организамот на едно животно.

Иако ова може да звучи научно-фантастично  и како некоја приказна од филм, научниците сега се еден чекор поблизу до тоа да стане реалност. Истражувачите од Институтот Салк, имаат создадено химера: организам кој може да содржи клетки од два одделни видови.

Хуан Карлос Изписуа Белмонте,еден од професорите во овој Институт, вели дека идејата за создавање на ембрион во кој што ќе може да се одгледуваат органи, од почеток изгледаше многу едноставна. Но, всушност, се покажало спротивното. На Белмонте и неговиот тим, им биле потребни повеќе од 40 години работа за да создадат човечко-животна химера.

Можеби се уште на почеток, но научниците не се откажуваат. Тие се надеваат дека во иднина ќе можат да развиваат функционионални органи и ткива кои ќе се користат за трансплантација и ќе спасат многу животи.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com