Ќерката на Бредли Купер и Ирина Шајк ужива како принцеза

0

Шармантниот актер Бредли Купер е многу успешен на деловен план, а во неговиот приватен живот цветаат рози. Инспирацијата му ја дава ќерката Леа Де Сен, која тој нема проблем да ја размази во целост.

Рускиот модел Ирина Шајк (32) и фаталниот актер Бредли Купер (43), кој моментално имате шанса да го видите во филмот „Ѕвездата е родена“, живеат во бајка. Бидејќи двајцата станаа родители за првпат пролетта минатата година, нивниот живот беше исполнет со среќа и смеа секој ден. Девојчето по име Леа Де Сен Шајк Купер има посебна врска со таткото уште од првите денови, а нивното дружење се гледа и од фотографиите кои се фатени од папараците.

Иако нивната малечка ќе го прослави вториот роденден на пролет, гордиот татко не ја испушта од рака – секогаш ја носи во прегратки, ја милува и ја забавува, за ни на момент да не и биде здодевно.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com