Јужнокорејски свештеник силувал вернички „по Божја наредба“

0

Првиот човек на јужнокорејската црква Џерок Ли е осуден на 15 години затвор бидејќи силувал осум следбенички, пишува Вашингтон Пост.

Пред да ги силува им велел дека тоа го прави бидејќи така му наредил Господ. Силуваните девојки биле помлади од пречесниот Џерок (75) за отприлика 50 години.

Џерок Ли е водач на црквата Манмин Централ Чрч. На службените страници на таа верска организација пишува дека има 133.000 членови и дека има 10.000 ограноци ширум светот.

Своевремено Кришчн Консил оф Кореа (ЦЦК), групацијата на конзервативни христијански цркви низ Јужна Кореја, го исфрли Џерок Ли во 1999 година поради, како што се наведува, неговите еретички унедувања,а корејските власти неговите следбеници ги нарекоа култ, откако Ли јвно се огласи дека е без грев и бесмртен.

-Жртвите, кои од детството доаѓале во неговата црква, верувале дека ако ги следат неговите наредби сигурно ќе стигнат во рајот. Очигледно е дека Џерок Ли ја искористил психолошката предиспозиција, подложноста и довербата на жртвите за да ги злоставува сексуално – рекол судијата при изрекувањето на пресудата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com