Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Јоко Оно ја преработи „Замисли“

0

„Замисли“ на Џон Ленон – третата најпопуларна песна на сите времиња, според списанието „Ролинг Стоун“, е преработена за 78-иот роденден на поранешниот Битлс.

Па, кој би бил подобар, да го испорача овој музички подарок, од ко-авторот на песната, Јоко Оно?

Јапонската уметница, која се омажи за Ленон во 1969 година, беше официјално призната како ко-авторка минатата година.

Сега таа издаде нова верзија со црковни оргули на класичната песна од 1971 година и можете да ја слушнете на видеото подолу.

Реинтерпретацијата ќе се појави во политички-поттикнатиот албум „Воена зона“.

Оригиналната верзија на „Замисли“ била копродукција на Џон и Јоко – заедно со Фил Спектор. Денес, 85-годишната Јоко, за „Би-Би-Си“ изјави дека се сеќава на тоа како посебно време, кога и двајцата сонувале за подобар свет.

-Кога го завршивме снимањето, вели Јоко, ние само се погледнавме и рековме:„Дали го направивме ова? “. „Замисли“ беше единствената песна за којашто имав многу трема, бидејќи сите во светот знаат за тоа и можев да бидам критикувана, но мислев дека е многу важно да го сторам тоа и мојата трема мора да биде секундарна. Јас уживав во тоа. Мислев дека реинтерпретацијата на „Замисли“ на ваков начин беше толку важно што дадов сè од себе за да го направам добро. Џон и јас создадовме многу заедно и тој ќе биде многу среќен што го сторив ова, изјави Јоко Оно.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com