Јове Кекеновски заеднички претседателски кандидат на обединетата опозиција?

0

 

Професорот  д-р Јове Кекеновски од „ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција“ би прифатил да биде претседателски кандидат ако опозицијата одлучи на претстојните претседателски избори да излезе обединета, изјави тој во интервју за 24 Инфо. Според Кекеновски, само победата на еден и единствен опозициски кандидат на претстојните претседателските избори е спас од, како што вели, ненародната актуелна власт, која под параванот ЕУ и НАТО ја обезличи и понижи државата и граѓаните.

Професорот очекува зголемување на бројот на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат ,,ЗА” на што според него, ќе влијае и притисокот, уцените и ветувањата кои ќе го чувствуваат од нивниот ментор и диригент во сенка кој одамна се има испазарено за својата слобода. Тој смета дека вонреден конгрес на партијата ќе има, без разлика на волјата на Христијан Мицкоски за кого би било подобро побрзо да излезе во пресрет на реалните барања на Фракцијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com