Ја соблече маицата и ги здиве жените

0

Британскиот актер, продуцент и музичар Идрис Елба (46) решил да ја оправда титулата најсексипилен маж за 2018 година, што ја доби од магазинот „Пипл“.

За улогата во филмот „Пеколни улици“ во кој игра со популарниот Рок мораше дополнително да ги напумпа своите мускули и тоа да го овековечи на социјалните мрежи.

„Кога снимате филм со Рок морате да покажете малку гола кожа, па морав да вежбам и малку повеќе“, напишал најсексипилниот маж под фотографијата.

Инаку, интересно е како реагирал Идрис на ласкавото признание: „Кога слушнав за наградата си реков – Абе ајде. Навистина? Се погледнав во огледало, се одмерив и си реков: Да, денеска си навистина некако секси. Но, да бидам искрен, тоа беше навистина убаво чувство. Убаво изненадување, што м у годи на моето его, секако“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com