Ја искасапил баба му и сакал да избега за Македонија

0

Албанец од Македонија ја заклал својата баба и речиси и ја откинал главата, пред две недели во градот Фрауенфелд, во кантонот Тургау, Швајцарија.
Како што информираат тамошните и медиумите во Италија, 19- годишникот е уапсен на аеродромот во Цирих од каде се обидел да отпатува во Македонија.

Според полицијата засега не се познати мотивите за злосторството.
Жртвата, 74 -годишна жена која била на гости кај своите три синови во Фрауенфелд, била пронајдена мртва во станот. Според соседите, пред злосторството слушнале врисоци и расправија, по што било пронајдено нејзиното тело. Еден од соседите ја пронашол убиената старица и повикал полиција.
Според медиумите, убиецот бил зависник од дрога и имал психолошки проблеми, но досега немал проблеми со законот.
Сепак, се наведува дека тој своевремено дошол со сигнален пиштол на работа во фирмата каде работел како електричар, но никому не му се заканувал па не бил уапсен.

Воедно, на својот Фејсбук профил имал фотографија на која е со „калашников“. Соседите велат и дека еден месец пред убиството во станот дошла полицијата и брза помош за да одведат некого во болницата.
Семејството, Албанци од Македонија кои подолго време живеело во Италија, пред неколку години се преселиле во Швајцарија. Според соседите, тие не комуницирале премногу со станарите.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com