Јапонци минале 10.000 км да го гледаат Хајдук, а стадионот затворен

0

Семејството на големиот навивач на Хајдук, Јапонецот Акихиса Вада, будистички свештеник од Јокохама, стигна во Сплит со цел да уживаат во неделниот натпревар меѓу Хајдук и Ријека и во атмосферата на Јадранското дерби. Но, од тоа нема ништо бидејќи за Хајдук тоа ќе биде првиот од четирите домашни натпревари на кои е казнет да игра пред празни трибини.

Акихиса Вада (26) пристигнал во Сплит уште пред месец ипол, со план да остане вкупно три месеци за да го следи неговиот Хајдук по кој е “луд”. Но, уште порано планирал да му се приклучат и неговата мајка, Ерико Вада (59), сестра Јукико Оцука (27) и зетот Томонаг Оцука (32).

Тие однапред купиле билети и сè било совршено организирано за на крајот на октомври, да им ја покаже посебната атмосфера на Пољуд, на натпреварот со Ријека, што е точно на 68-тиот роденден на Торцида во недела на 28 октомври. Сето ова за подобро да разберат зошто тој секогаш ја напушта Јапонија за натпреварите на Хајдук. Но, тие беа разочарани последните денови пред да пристигнат во Сплит дека нема да можат да го проследат натпреварот, но билетите веќе беа купени, а и сместувањето беше резервирано. Дојдоа да го видат Пољуд, но на крајот тие само го видоа во туристичка турнеја.

Поради малата промена на планот, семејството на Акихиса ќе се врати дома порано.

Акихиса уште од средно ги следел европските клубови, но бил импресиониран од Торцида и нивната неизмерна љубов кон клубот Хајдук кој е како религија. Во Јапонија нема вакви проблеми со навивачите, прекини на натпреварите и казни за клубовите, но таму и фановите не се толку емотивни како Торцида.

Тој е решен дека ќе се врати со семејството еден ден кога ќе има можност да се гледаат натпреварите, без закана од казна.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com