Јанакиески и Божиновски во Шутка, за да не побегнат како Груевски

0

 

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се во притвор бидејќи СЈО имало информација дека планират бегство. Тие се обвинети во повеќе предмети на СЈО, но притворот го добиле како обвинети во Титаник.

Мерка притвор од 30 дена им е определен на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, соопшти утринава Основниот суд Скопје 1.

– Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението.

Како што дознава Телма, Јанакиески и Божиновски биле приведени во 5.30 минути и однесени во затворот во Шутка.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде побара политички азил. Јанакиески вчера го осуди бегството на Груевски бидејќи, според Јанакиески, тоа ќе им наштети на сите обвинети во случаите на СЈО.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com