Јадете ореви, срцето ќе ви биде благодарно

0

Американските научници неодамна утврдиле дека оревите може да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести. Оревите, имено, претставуваат добар извор на алфа-линолеинска киселина, омега-3 масни киселини, кои помагаат во регулација на покачен крвен притисок. Триесет грама ореви содржат дури 2.5 грама омега-3, додека препорачана дневна доза за мажи изнесува 1.6 грама, а за жени 1.1 грама алфа-линоленска киселина.

Едно друго истражување укажало на поволен ефект на оревите на ниво на липиди во крвта. Кај учесниците во истражувањето кои јаделе 43 грама ореви дневно во текот на 8 недели дошло до намалување на нивото на вкупниот холестерол, LDL холестерол и триглицериди за по 5%. Зголеменото ниво на липидите во крвта е сериозен фактор ризик за појава на кардиоваскуларни болести.

Освен високата содржина на алфа-линоленска киселина, за добро кардиоваскуларно дејство на оревите заслужни се и други состојки, како што се полифеноли, фитостероли, витамин Е, но и диететски влакнa.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com