Јавноста е убедена дека Меган Маркл е трудна

0

Се смета дека омилениот пар во кралското семејство, Принц Хари и Меган Маркл, очекува дете.

Пред неколку дена целиот свет беше фокусиран на свадбата од бајките на принцезата Јуџин во замокот Виндзор. Но голем дел од вниманието, освен на прекрасниот фустан на невестата, беше насочен кон изборот на облека на војвотката од Сасекс. За свадбата, Маркл се одлучи да носи шик парче дизајнирано од истиот британски дизајнер кој ја создаде и нејзината венчаница. Фустанот Живенши, дизајниран од Клер Вејт Келер, беше во морнарско сина боја, но за жал гледачите на кралската свадба не можеле да го видат, бидејќи Меган била покриена со палто во истата боја, што таа го држела закопчано дури и кога влегла во црквата.

Се разбира, шпекулациите избија откако се виде нејзиниот скромен избор на облека, но сомнежот за можна бременост само се зголеми откако беше откриено дека војвотката можеби нема да ја посети Фиџи за време на нејзината кралска турнеја. На локалниот туристички водич во регионот случајно му се испуштило дека само Хари ќе ја посети областа.

Како што известува австралиското списание „Њу Ајдиа“, постои загриженост дека вирусот Зика може да се шири во земјата, што може да биде штетно за бремената жена и нивното неродено дете.

Кратко откако двајцата ја објавија својата веридба минатата година, Хари изјавил за Би-Би-Си дека се надева дека ќе основаат семејство во блиска иднина.

Оттогаш, парот посвои куче заедно, веднаш по свадбата во мај. И покрај тоа што ги вежбаат своите вештини за родителство со кученцето, сепак, младенците исто така поминуваат многу време со децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон: принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com