Ѕирнете во новатa раскошна куќа на Бредли Купер и Ирина Шејк

0

На почетокот на октомври оваа година, стана познато дека, Бредли Купер купил куќи за своето семејство, во западниот дел на Њујорк. Обновената црвена куќа од почетокот на 20 век, која што е изградена од црвена тула, зрачи со убавина и ќе ве остави без здив.
Уште од 2017 година, куќата беше изнајмувана за 50 илјади американски долари месечно, но Купер одлучи да ја купи и потроши за неа 13,5 милиони американски долари.

Внатре во оваа прекрасна куќа со површина од 371 м2, има 6 спални, 5 бањи, пространа и светла дневна соба со таен бар, камин, витраж прозорци и од зоната за одмор има убав поглед кон задниот двор. Оригинални детали и висока технологија се маестрално комбинирани, на пример, аудио системот и програмата за осветлување може да се контролира со помош на Ај Пад.
Во оваа модерна куќа, има дополнителен влез во посебна спална соба со бања, која е погодна за сместување на персонал или гости. Исто така , овој простор со посебен влез, вклучува во себе, кујна со висока технологија која што продолжува во трпезарија и на крај има голема зона за скара и двокатна градина.

Во подрумот на куќата има дневна соба со бар и винска визба со 1000 шишиња.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com