Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Ѕвездите од регионот со нетрпение ја очекуваат церемонијата MAC

0

После Горан Бреговиќ, Бајага и Тони Цетински, и младите ѕвезди од регионот даваат своја поддршка на церемонијата (Music Awards Ceremony).

Првото регионално доделување на музичките признанија ќе се одржи на 29 јануари во Штарк арената, а љубителите на музиката од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора наскоро ќе имаат можност да гласаат за своите омилени нумери и изведувачи, и со тоа да им ги зголемат шансите на своите идоли да се запишат во историјата како први добитници на признанието MAC.

Една од најпопуларните млади пејачки во регионот Сара Јовановиќ не го крие задоволството заради тоа што манифестација од вакви размери ќе биде одржана во Белград.

„Секогаш ми било големо задоволство да работам со Скај мјузик затоа што тие ги работат најголемите и најважни настани, концерти и манифестации така што потполно се воодушевив кога слушнав дека организираат вакво нешто. Тоа никогаш не се случило на овие простори, впрочем не толку големо и толку профи. Наслушнав како ќе изгледа MAC и не се сомневам дека сè ќе биде тип топ кога станува збор за продукцијата“, вели Сара.

Пејачката објаснува и зошто Music Awards Ceremony се разликува од другите манифестации од овој тип.

„MAC е поинаква затоа што носи нешто потполно ново и свежо на нашите простори и сигурно е дека мошне ќе им значи на изведувачите кои во потполност ќе уживаат и како публика“, вели таа и додава дека баш би сакала да биде меѓу номинираните изведувачи: „Се надевам дека ќе бидам меѓу номинираните во некоја од категориите на MAC, а не би се жалела да бидам номинирана и во повеќе од нив. Подготвена сум за MAC, а вие?!“

Највлијателните јавни личности од регионот веќе ја следат MAC, а меѓу нив се и Ѓуле – Ван Гог, Лена Ковачевиќ, актерката Јелена Гавриловиќ…

Шармантната Ида Престер од Загреб, исто така, ги повикува љубителите на добра забава на MAC:

„Ја следам Music Awards Ceremony со очите, ушите и стомакот, следете ја и вие“, шеговито порачува Ида.

Воодушевување од идејата стигнува и од Македонија. На веста за MAC реагираше и хипхоперот Панчо – ДНК и го најави своето присуство на манифестацијата:

“Дефинитивно се гледаме на 29 јануари на најмасовниот собир во Штарк арената”, вели Панчо.

Првиот иницијален избор на нумерите и изведувачите за MAC признанијата ќе го направат 220 радиостаници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, раководејќи се по своите релевантни параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите. На тој начин ќе се уважи мислењето на слушателите, но публиката ќе има и дополнителна можност да гласа за своите фанови, што, исто така, ќе се земе предвид во конечните одлуки за победниците во категориите.

MAC директно ќе се пренесува на телевизиите со национална фреквенција од регионот. Гледачите од Србија и Црна Гора директниот пренос од Штарк арената ќе го следат на ТВ Прва, додека Радио С е главен партнер на манифестацијата.

Најновите информации за MAC можете да ги следите и на страницата www.musicawardsceremony.com, како и на официјалните Фејсбук www.facebook.com/music.awards.ceremony и Инстаграм www.instagram.com/music.awards.ceremony профили.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com