Ѓорческа супериорно до полуфиналето на турнирот во Истанбул

0

 

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Истанбул, Турција.

По вчерашниот маратонски меч против Илај Јорук (Турција), Ѓорческа во четвртфиналето лесно ја совлада Русинката Дарија Крушкова во два сета 6-3,6-2, за еден час и девет минути игра.

Утре во полуфиналето македонската тенисерка ќе се сретне со Романката Георгина Шербан, која е на 264 место на ВТА листата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com