Ѓорческа со трофеј во двојки се враќа од германски Есен

0

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа им се врати на трофеите на ИТФ фјучрсите, и го подигна пехарот на турнирот во Есен.

Тетовчанката триумфираше во двојки, откако со својата партнерка од Русија, Анастасија Комардина одиграа одличен турнир. Во големото финале Ѓорческа и Комардина беа поуспешни од првите носителки и големи фаворитки за трофејот Алена Фомина и Анастасија Зарицка со идентични 6-3 во двата сета.

За разлика од двојките, во сингл нашата тенисерка испадна уште во осминафиналето на турнирот, откако со 6-4, 6-3 загуби од третата носителка Мартина Тревисан.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com