Што ќе научите доколку патувате сами?

0

 

1. Како да носите сопствени одлуки

Кога патувате со пријатели, често поминувате по околу дваесет минути обидувајќи да одлучите каде да одите, што да правите или што сакате да јадете. Кога сте сами, не треба да прашувате друг пред да донесете одлука, и како го поминувате денот зависи целосно од вас. Ќе научите да му верувате на вашите инстинкти и да донесувате брзи одлуки – особено кога ќе го пропуштите вашиот лет и треба да дознаете како да стигнете до посакуваната дестинација!

2. Што ви се допаѓа или не ви се допаѓа

Додека донесувате свои сопствени одлуки, сфаќате и за кои работи навистина сте заинтересирани. Можеби посетата на позната знаменитост едноставно не е ваш стил и попрво би поминале часови да се восхитувајќи се на уметноста во музеј или јадејќи во локален ресторан. Патувајќи самостојно, можете да направите што и да посака вашето срце.

3. Како да поминувате време сами

Патувањето „соло“ ве учи да се навикнете да бидете сами, и како да го исполните вашето време без пријателите. Кога патувате сами сте многу повеќе свесни за сè што се случува околу вас.

4. Друг јазик

Иако сте решиле да патувате сами, сепак сакате да запознавате нови луѓе и да се дружите. Многу често тоа значи дека ќе бидете принудени да учите нови зборови и фрази на локалниот јазик. Тоа ќе ве мотивира да научите неколку клучни фрази во јазикот на земјата: Здраво, Ве молам, Ви благодарам, Каде е …, Добро утро итн. уште пред да заминете на патувањето.

5. Како да разговарате со непознати

Понекогаш ќе бидете осамени и тоа е во ред. Искористете ја шансата да ширите познанства! Разговарајте со кул шанкер, седнете до друго лице кое е само и кажете му здраво, разговарајте со лицето што седи до вас во авионот, запознајте се со локалците да пронајдете скриени места во градот што го посетувате. Повеќето луѓе го ценат пријателското лице, а и кога патувате ги среќавате најинтересните луѓе.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com