Што ќе биде со времето за 80 години?

0

 

Истражувачите тврдат дека до 2100 година ќе има 50% почесто пожари и суши. Во иднина оваа бројка ќе се зголеми уште за 300%.

Сушите, невообичаено топло време, засилувањето на тропските циклони што се забележани во последниве децении се директно поврзани со намалување на интензитетот на млазната струја. Како што ни е веќе познато, таа се јавува во горната тропосфера, кога ладниот воздух кој тече од Арктикот се судира со топлиот воздух од тропските предели. Бидејќи температурата во Арктикот постепено се покачува, контрастот меѓу Арктикот и тропските предели не е толку силен, што доведува до намалување на  млазната струја.

Научникот Мајкл Ман од Универзитетот во Пенсилванија смета дека доколку не се намали ослободувањето на јаглерод диоскид, за кратко време може уште повеќе да се влоши состојбата.

Претходно експертите на ОН изјавија дека е веќе невозможно да се запре глобалното затоплување, но светот треба да го задржи на ниво кое не е повисоко од 1,5 целзиусови степени во споредба со пред-индустриската ера. Доколку не се најде некое решение на овој проблем, земјата може да го достигне овој праг веќе во 2030 година.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com