Што крие вашиот фризер од вас?

0

 

Добрата фризура ја зголемува самодовербата скоро на секоја жена, но третманот на фризер не секогаш гарантира добар исход. Тоа се случува поради тоа што тие имаат свои тајни и некогаш правењето одлична фризура не е нивна најголема цел. Ова се дел од нештата кои фризерите треба да ги споделуваат со своите клиенти:

  1. Покажете му која фризура ви се допаѓа, но и како не сакате да изгледате

Пред да одите на фризер, како што наоѓате слики од фризури кои ви се допаѓаат, најдете и такви од фризури што не ви се допаѓаат, за да му помогнете да знае точно како сакате да изгледате кога ќе излезете од неговиот салон.

  1. Невозможно е да ја добиете бојата од вашите соништа со само едно фарбање

Доколку имате темна коса и сега сте одлучиле дека би било интересно да бидете блондинка, подгответе се да одвоите повеќе време и да дадете малку поголема сума на пари. Високо квалитетно осветлување на коса е скап и долг процес.

  1. Фризерот мора да е запознаен со сите претходни фарбања

Тој мора да знае колку пати и кои бои и се нанесувани на вашата коса, особено ако сакате комплетно да ја смените нејзината боја.

  1. Дознајте колкав процент на хидроген пероксид користи вашиот фризер

Доколку ја осветлувате косата, поставете го ова прашање. Ако е 9%, или повеќе, има ризик дека протеинот во вашата коса ќе стане пигментиран и косата ќе ви ја направи жолта, без можност да стане посветла.

  1. Локните само ги кријат грешките на стилистите

Стилистите може да користат едноставен трик за да скријат мали грешки направени за време на фарбање или кратење на косата – тие ја навиткуваат косата. За да ја оцените работата на стилистот, замолете го да ја исправи косата со помош на фен за коса. Мазна свилена коса ги прави сите грешки јасно видливи.

  1. Скапите професионални производи за коса може да се заменат со производи од аптека или да се разредат со вода

За жал, ова е точно. Ако салонот се обидува да заштеди пари на сè, козметичките производи нема да бидат исклучок. Скапи шампони и кондиционери за коса може да се мешаат со производи од аптека или да се разредат со вода. Како резултат на тоа, нивото на pH на производот се менува и станува прилично бескорисно или дури и штетно. На пример, шампон за обоена или слаба коса има pH 4,5-5,5 и шампон за природна или мрсна коса има pH 7-8.

  1. Повеќето третмани се прилично бескорисни

Поголемиот дел од третманите во фризерските салони имаат за цел да направат повеќе пари од секој клиент, но не и на соодветен третман и грижа за вашата коса. Причината за слаба, кревка, поделена коса лежи многу подлабоко во вашето здравје. Таквите бескорисни процедури се: фризури со топли ножици, ботокс и полирање на влакна.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com