Што доби Ангела Меркел за Божиќ?

0

Германското Министерство за одбрана по инцидентот  со авионот на бундес-канцеларката Ангела Меркел кон крајот на ноември, има намера да купи еден или два авиони Ербас А330 или А350, наменет за подалечни дестинации.

Авионот на владата Ербас А340, „Конрад Аденауер“, со кој што патуваше Меркел кон самитот на „Г-20“ во Аргентина, беше принуден да се врати во Германија и да изврши итно слетување во Келн.  Причината за тоа беше технички дефект на авионот, а Меркел, како резултатот на тоа, пристигна на самитот на Г-20 во Буенос Аирес со задоцнување од 12 часа. На последниот дел од трасата, германската канцеларка летала од Мадрид до Аргентина во бизнис класа на редовен лет на шпанската авиокомпанија Иберија.

За да не се повтори тоа, германскиот министер за одбраната – Урсула фон дер Лајен реши да купи приватен авион за Ангела Меркел, со цена од 200 до 300 милиони евра.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com