Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Што да направите за вашата кожа во зима

0

 

Како што ги заменуваме нашите бикини и ледени чаеви со плетени џемперчиња и топли чаеви, исто така треба да го смениме и режимот за нега на кожата. Со оглед на тоа што температурите почнуваат да паѓаат, нашата кожа има тенденција да стане посува и нашиот тен од сонцето изгледа како далечна меморија. Косата, исто така, има тенденција да стане малку кршлива. Во суштина, зимата, иако празнична и забавна, може да претставува хаос за вашата убавина. Тука ќе наведеме неколку примери за правилно одржување на вашата кожа во зима.

  1. Задржете ја влажноста на вашата кожа

Поради ветер и студ и честиот премин од загреани во студени средини, кожата може да стане сува. Затоа, добро е да се навлажнува што е можно почесто, особено пред да излезете надвор, бидејќи тоа ја задржува влагата на кожата. Во текот на зимата, можете исто така да почнете да употребувате креми со потешки формули, како креми- навлажнувачи, бидејќи тоа ќе ви помогне да одржите хидратација. И не заборавајте да носите лабело за усни насекаде, за да ги задржите вашите усни да се навлажнети и да не пукаат.

  1. Бидете свесни за чувствителноста на вашата кожа

Ако забележите дека вашата кожа е почувствителна во зима треба да избегнете надразнувачи како што се сапун, влажни шамивчиња и парфеми. Наместо тоа треба да се користат замени за сапуни и продукти без мирис- хипоалергенски производи.

  1. Чувајте го вашето тело

За време на зимата, поради тоа што е постудено, многу е поголема веројатноста да се разболите, затоа од суштинско значење е да спиете повеќе и да се изложувате помалку на стресови, бидејќи познат е фактот дека стресот и исцрпеноста го намалуваат имунолошкиот систем и предизвикуват осип и други непријатни состојби на кожата. Важно е да внимавате на исхраната и да ги внесувате потребните минерали и природни масти.

  1. Не заборавајте на кремот за заштита од сонце

Заштитата од сонце не е само за летните денови кога лежите на плажа. Многу основи, навлажнувачи и прајмери ​​содржат барем фактор 15, што веројатно е доволна заштита во текот на зимските месеци, освен ако не сте на планина. Голем број на брчки на кожата се должат на изложување на сонце и со заштита од сонце ќе помогнете да се забави процесот на фото-стареење. Ако земате зимски скијачки одмор или живеете во снежна клима, мора да користите соодветна заштита од сонце.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com